full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по еден денар, цената на дизелот не се менува

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто објави дека цените на горивата ќе добијат мало покачување.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.8%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по еден денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 67.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 69.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува. Еден литар дизел и понатаму ќе чини 55 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.