full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат по половина денар, дизелот останува со истата цена

Од вечерва на полноќ ќе имаме мала промена кај цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.83%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.50 денари за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 58.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 60.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, па еден литар дизел и понатаму ќе чини 49.50 денари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.