Неделно Кино: Времеплов во 1962 Монако Гран При! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Неделно Кино: Времеплов во 1962 Монако Гран При!

Овој викенд се навраќаме на едно спектакуларно видео, снимено во 1962 година на трката во Монако од најпопуларниот Формула 1 шампионат.

Направено во неверојатен квалитет за своите години, видеото јасно ја прикажува атмосферата и случувањата на трките и конструкцијата на патеката пред речиси 60 години. Во видеото се прикажани само кратки 6 минути од целосниот Grand Prix кој бил долг цели 100 кругови. Во него учествувале многу познати тимови, а некои од нив се сè уште популарни – тоа се Ferrari, Porsche и Lotus. Како најбрз од сите учесници се издвојува основачот на брендот McLaren – Брус Мекларен, позади воланот на неговиот болид Cooper.

Навратете се во минатото и уживајте во видеото!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.