full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат за 3, дизелот за 2.5 денари

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, значително пониски цени на горивата.

Во согласност со новата методологија за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 4.18 проценти.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 3.00 денари, и од вечерва на полноќ еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 69.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини рамно 60 денари.

Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.