full screen background image
Search

Студија: Системите за асистенција при сопирање може да ги намалат незгодите за 45%

Институт од САД го испита уделот на системите за помош при кочење во намалувањето на сообраќајни незгоди каде автомобил удира друг автомобил одзади.

Иако направеата студија ги вклучува само моделите на GM произведени од 2013 до 2015 година, сепак може да се извлечат валидни поенти. На пример, моделите опремени со систем за помош при кочење, во вакви ситуации учествувале во 43% помалку сообраќајни незгоди отколку моделите кои не биле опремени со оваа опција. Дополнителна позитивна статистика е што сообраќајните незгоди во кои имало повреди кај патниците се намалени за 64% кај моделите опремени со систем за помош при кочење.

Оваа студија само ги надополнува валидните поенти извлечени од неколку студии спроведени во минатото, каде исклучиво се тестирале модели на Honda, Fiat-Chrysler групацијата, Mercedes, Volvo и Subaru. Во просек, моделите на овие производители опремени со систем за помош при кочење учествувале во 50% помалку сообраќајни незгоди отколку моделите без овој систем.

20 производители на автомобили ветија дека од 2022 година па натаму, секое возило кое ќе биде продадено ќе има некаква варијанта на систем за помош при кочење. Доколку Вие, како читател, купувате нов автомобил пред 2022 година, CARclub.mk Ве советува сериозно да размислите во дополнителната опрема да вклучите и ваков систем (ако автомобилот кој сте го избрале веќе го нема во стандардната опрема).



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.