Најмоќната Elantra во историјата доаѓа со 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец кој испорачува 200 коњски сили и 260 Nm вртежен момент.
Корејскиот производител официјално започна да ја продава Elantra Sport на северноамериканскиот пазар, а според најавите истата би требало да пристигне и на стариот континент. Најмоќната Elantra во историјата на Hyundai има на располагање 204 коњски сили и 260 Nm вртежен момент, благодарение на 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец со директно вбризгување. Опремена со овој мотор, Elantra Sport може да постигне 100 километри на час за 8 секунди.

2017 Elantra Sport
Како што и самото име кажува, Elantra Sport е спортската варијанта на практичниот седан кој неодамна имавме можност да го возиме и подобро да го запознаеме. Спортската изведба се издвојува по суптилниот бодикит и големите алуминиумски фелни, но и по механичките измени и доработената суспензија кои ветуваат повеќе забава зад управувачот.

2017 Elantra Sport
Ентериерот добива спортско-профилирани седишта, ситни детали со текстура од карбон и спортски управувач со зарамнето дно. Спортската изведба на Elantra е дел од стратегијата на Hyundai да понуди спортски алтернативи на своите возила и да привлече и помлади купувачи. Дел од ова план е и N-изведбата на наследникот на тековниот i30 – новиот i30 ќе добие спортски N-модел кој според најавите би требало да биде придвижуван од 2-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува повеќе од 260 коњски сили. Ако земеме во предвид дека одговорен N-дивизијата е Albert Biermann, човекот кој пред ова беше главен инженер во BMW M, тогаш со право имаме високи очекувања – останува само да почекаме и да го видиме крајниот резултат!
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport
- 2017 Elantra Sport