Протекоа првите фотографии од новиот Suzuki Swift – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од новиот Suzuki Swift

Веќе некое време се шпекулираше дека во развој е новата генерација од најпопуларниот модел на Јапонскиот производител, но се досега немавме идеја како тој ќе изгледа.

Според она што го гледаме на фотографиите, новиот Swift ги има задржано пропорциите на успешниот претходник, но се одликува со поостар дизајн благодарение на комплетно редизајнираните предни светла, изразената предна решетка и големите отвори за воздух, а тука се и задскриени рачки на задните врати. Автомобилот има добиено и нов “лебдечки кров”, како резултат на необичниот Ц-столб кој е одделен од покривот, а во задниот дел се забележуваат пошироки задни светла.

suzuki-swift-2017-leaked-in-pics-5

Новиот Swift се очекува да добие нов 1.0-литарски бензински агрегат за основната изведба, додека Swift Sport би можел да добие 1.4-литарски бензински агрегат усогласен со шест-степен рачен менувач. Sport изведбата ќе располага со посилни сопирачки, подиректно управување и потврда суспензија.

Новата генерација на Suzuki Swift се очекува да излезе на пазарот до крајот на годинава, додека Swift Sport ќе пристигне една година подоцна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.