Заедно со новата генерација на C1, Францускиот бренд ќе изложи една специјална изведба во вид на концепт, на автомобилскиот саем во Женева.
Концептот Citroen C1 Swiss & Me го прикажува потенцијалот за персонализирање на малиот градски автомобил и гордо ги презентира националните бои на Швајцарија во чест на градот Женева, местото на неговото јавно дебитирање. Базиран на моделот со три врати, тој е опремен со темни пластични додатоци на крилата и страничните прагови, поголеми тркала и средишно поставена издувна цевка.
Citroen нема објавено планови за иднината на овој концепт, но ние би сакале некои од елементите да се најдат барем во изборот на дополнителна опрема кај серискиот модел.