Audi подготвува нови светла, ќе дебитираат на новата А8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi подготвува нови светла, ќе дебитираат на новата А8!

Новата (или освежена) A8 треба да дебитира до крајот на оваа година, а германскиот производител почна да објавува некои детали за својот знаменосец.

Со желба уште повеќе да ја зголеми безбедноста и ефикасноста на системите за осветлување, Audi ги најави новите Matrix LED предни светла. Оваа технологија ќе ја доживее својата премиера токму кај новата A8. Matrix LED технологијата всушност значи дека „долгите“ светла всушност се состојат од индивидуални, мали диоди кои работат заедно со рефлектори или леќи. Во зависност од условите, тие можат индивидуално да бидат вклучени или исклучени.

Според Audi, овој систем им овозможува цело време да нудат светлина со висока прецизност и максимален досег на светлината без потреба од подвижен механизам.

Во новиот A8, секој од предните светлосни групи се состои од 25 диоди за долгите светла, групирани во групи од 5 во еден рефлектор. Кога управувањето со светлата е автоматско, овој систем се активира на брзини поголеми од 30 километри на час на автопат, или 60 километри на час во градски услови. Audi смета дека овој систем е подобар од оние кај конкурентите. Дополнително, се нуди и систем кој може да препознае дали има пешак во критична зона пред автомобилот – и доколку има, светлата сукцесивно светат силно три пати, со цел да го предупредат пешакот, но и возачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.