Нова џебна ракета од Suzuki – Swift Sport Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нова џебна ракета од Suzuki – Swift Sport Concept

Веќе одамна сите очекуваме Suzuki да понуди нешто ново, брзо и агресивно од новата генерација на Swift. Токму тоа ќе биде претставено на саемот за автомобили во Австралија – Suzuki Swift Sport Concept!

Веќе во неколку наврати читавме за ваквиот модел на Suzuki кој најпрво беше најавен на саемот во Токио.

Главната улога во дизајнирањето на Swift Sport ја има Naoyuki Takeuchi. Надворешно Swift Sport нуди неколку промени, како што се популарните LED дневни светла, потоа поагресивниот преден браник со преден спојлер, страничните прагови, големиот заден спојлер и задниот дифузор во кој се вклопени двата завршетоци на издувниот систем. OZ бандажите исто така се дел од оваа визија за Swift Sport, а внатрешноста добива и нови Recaro спортски седита.

Официјални бројки за перформансите сеуште нема, па така сеуште не се знае дали 1.6 литарскиот бензинец кој развива 136 КС и 160 Nm вртежен момент е подобрен.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.