ПРЕМИЕРА: Кажете му hello на Citroën ELO! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Кажете му hello на Citroën ELO!

Citroën го претстави ELO – можеби најхрабриот и најналудничав концепт годинава. За Citroën, Elo не е само автомобил, туку „вистински балон на свежина и енергија“.

„ELO е лабораторија на идеи, која ги отелотворува вредностите на Citroën и ги отвора вистинските перспективи за тоа што размислуваат денешните возачи. Ги исполнува сите карактеристики за ДНК-та на Citroën низ повеќе од 100 години, но и она кое сакаме да го гаиме во годините кои доаѓаат – ELO е храбар, достапен, одговорен, генијален и посветен кон добросостојбата“  изјави Xavier Chardon, главниот извршен директор на Citroën. А што значи ELO? Па според Citroen, името доаѓа од вторите букви во зборовите Rest, Play и Work. Хм…

Океј, но што всушност значи тоа? Па во вистинскиот свет, ELO е нешто малку откачено. Ако мораме некако да го опишеме, ќе речеме дека би изгледал одлично како супер-хај-тек лунарен ровер, или пак можеби идеално припаѓа во Cyberpunk 2077? Одлучете самите. Концептот е долг 4.1 метар – димензии кои цврсто го ставаат во компактниот сегмент. Истовремено, ELO е дизајниран да понуди што е можно повеќе простор.

ELO е замислен „одново да го интерпретира духот на MPV и специфичните возила кои ја обликуваа историјата на Citroën. Кои се тие? Па генијалните автомобили како Xsara Picasso, Berlingo и SpaceTourer. Секако, ќе препознаеме дизајнерски детали од тековниот дизајнерски етос на Citroën, но во уште пофутуристички насоки.

Ентериерот е дизајниран да биде што е можно пофлексибилен и во него може да се сместат до шест луѓе – тројца напред, тројца позади. Интересно е што кабината овозможува различни конфигурации на седење, некои од седиштата можат и да се извадат. Citroën соработуваше со Decahtlon и Goodyear за проектот. Улогата на Decathlon беше да асистира во дизајнот и изборот на материјали, додека Goodyear разви специјални „паметни“ пневматици кои се снаоѓаат како на асфалтот, така и вон него.

Поврзано:  Новиот Citroën C5 Aircross пристигна во Македонија!

Инаку, возачката позиција на Citroën ELO е централна – како во McLaren F1 (да „се кладиме“ дека никогаш не помисливте дека Citroën и McLaren ќе се најдат во иста реченица?). Според Pierre Leclercq, главниот дизајнер на Citroen, ова е многу свесна и наменска одлука. „Ако возачот е на средина, тогаш има одлична прегледна позиција, а и децата сакаат да седат до мама или тато кога одат на одмор.“ – додава тој. Возачкото седиште има и своја „суспензија“ во форма на блокови од пена поставени во неговата рамка.

Citroen веќе еднаш ја навести иднината со OLI, и од тој концепт произлезе одличниот нов C3. Што ли најавуваат со ELO?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.