Ретро-инспирираната приказна на Renault успева – следниот месец ќе го видиме и новото Twingo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ретро-инспирираната приказна на Renault успева – следниот месец ќе го видиме и новото Twingo

Renault се подготвува за нешто важно – следниот месец ќе го претстави електричното Twingo E-Tech – и според најавите, треба да чини околу 20.000 Евра!

Французите веќе претставија концепт кој влече силна инспирација од првата генерација на моделот од 90-тите години. А тој пристап очигледно му успева на Renault – новото електрично Renault 5 (кое ние неодамна го возевме) е вистински хит, а слично е и со Renault 4. Очигледно, влечење инспирација од успешните модели од минатото е.. Успешно! Кој би рекол?

Сега за сега, Renault објави само неколку фотографии од новото Twingo, но веднаш се препознаваат деталите инспирирани од стариот модел – веднаш ги препознаваме предните и задните светла, но и целата форма на автомобилот интензивно нè потсеќа на Twingo од 90-тите. Renault веќе претстави концепт со кој го најави Twingo, па очекуваме дизајнот да е многу, многу блиску до тоа.

Немаме информации околу батеријата и погонот, но очекуваме дека ќе добие релативно мала батерија со оглед на цената, но и на фактот дека Twingo треба да биде мал градски автомобил, па огромна автономија и не е толку важна. Очекуваме да го добие 95-коњскиот електромотор од основата верзија на Renault 5, кој можеби би се комбинирал со батеријата со капацитет од 24.3 kWh која се вградува во Dacia Spring.

Премиерата е закажана за 6-ти ноември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.