Q5 Sportback пристигна во салонот на Audi! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Q5 Sportback пристигна во салонот на Audi!

Купеовската варијанта на новиот Q5 од вчера е изложен во салонот на Audi во Скопје.

Во однос на Q5, Sportback варијантата добива заострена, купеовска кровна линија. Истовремено, ја дели PPC платформата со новиот Q5. Оваа платформа овозможува интересни технологии и модерни, ефикасни и моќни мотори. Q5 Sportback може да се добие со 2-литарскиот бензински и 2-литарскиот дизел мотор, и двата со точно 204 коњски сили. Дизел моторот има 400 Nm вртежен момент, за разлика од бензинецот кој доаѓа со „само” 340 Nm.

Истовремено, Q5 и Q5 Sportback може да се добијат со еден од два плаг-ин хибридни погони. Двата погони комбинират 2-литарски TFSI турбо-бензинец, батерија со капацитет од 25.9 kWh и електромотор интегриран во менувачот со двојна спојка.

„Послабиот“ хибриден погон испорачува вкупно 300 коњски сили и 450 Nm вртежен момент и овозможува спринт до 100 километри на час за 6.2 секунди. Помоќната конфигурација испорачува 367 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, кои пак овозможуваат лансирање „до стотка“ за само 5.1 секунда. Максималната брзина кај обете конфигурации е 250 километри на час.

Во внатрешноста на автомобилот не пречекува високата технологија, овој пат претставена преку трите екрани, вклучувајќи го 14.5-инчниот централен екран на допир.

Повеќе за новиот Q5 Sportback можете да дознаете на официјалната веб-страница, или пак во салонот на Audi во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.