Целосно-електричниот кросовер на Lynk & Co – новиот 02 – имаше одлични резултати на Euro NCAP тестирањата каде освои максимални пет ѕвездички.
Одлични резултати за Lynk & Co 02 на строгите Euro NCAP тестови за безбедност. Моделот кој ние веќе го возевме на интернационалната презентација во Словенија, а од неодамна е достапен и во Македонија, освои максимални пет ѕвездички на строгите тестирања.
Lynk & Co 02 имаше резултат од 90% за заштита на возрасни патници, 87% за заштита на деца патници, 83% за заштита на ранливи учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, моторџии, итн) и одлични 89% за активните системи за асистенција.
Секако, ова воопшто не нè изненадува, со оглед на роднинската врска која Lynk & Cо ја има со Volvo, бренд кој секогаш бил предводник кога станува збор за безбедноста. Ваквите резултати покажуваат дека дури и (релативно) непознати брендови можат да испорачаат навистина безбедни автомобили.
Како што напоменавме, Lynk & Co 02 неодамна пристигна во Македонија.












