Мак Аутостар станува дом на Ducati во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мак Аутостар станува дом на Ducati во Македонија!

Компанијата Мак Аутостар која веќе има огромно искуство на автомобилскиот пазар во Македонија, од вчеравечер и официјално станува ексклузивен дистрибутер за Ducati во Македонија.

На вчерашното официјално отворање на новиот салон на Ducati присуствуваа многу гости, моторџии и фанови на моторциклите. Свеченото отворање дополнително го облагородија и италијанскиот амбасадор во Македонија, господинот Паоло Палминетри и регионалниот директор на Ducati, господинот Герардо Морико.

Според домаќините од Мак Аутостар, салонот е еден од поуникатните во регионот и нуди целосна галерија од моделите на Ducati. Секако, тука се и додатоците и специјалната опрема за возење, а во тек е подготовката на врвно-опремениот сервис, подготвен по највисоките стандарди на Ducati.

Компанијата Ducati е основана во 1926-та година во Болоња и на самиот почеток произведувала радиокомпоненти. Со производство на моторцикли започнува по крајот на втората светска војна. Денес портфолиото на Ducati ги вклучува суперспортските Panigale, авантуристичките Multistrada, па сè до ретро-инспирираните Scrambled и моќните Diavel модели.

Честитаме за новиот салон и на новите домаќини на Ducati им посакуваме многу успех во работата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.