ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави и освежениот 911 Carrera S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави и освежениот 911 Carrera S

Освежениот 911 Carrera S добива повеќе моќ и делови од Carrera GTS, но го губи мануелниот менувач.

Porsche го надгради 3-литарскиот твин-турбо шест цилиндерски боксер за да испорачува дури 480 коњски сили и 530 Nm вртежен момент, и со тоа ја пополни празнината меѓу 911 Carrera и 911 GTS T-Hybrid. Зголемувањето на силата се должи на нови турбополначи и оптимизиран тек на воздухот. Сето тоа резултира со спринт до 100 километри на час за само 3.3 секунди, како и максимална брзина од 308 километри на час. Силата се пренесува преку 8-брзински PDK автоматски менувач со двојна спојка.

Секако, измените не застануваат таму – 911 Carrera S добива и ревидиран лик, со дизајнерски елементи инспирирани директно од 911 GTS. Добива нови браници, ревидирани предни и задни светла, нови тркала и неколку нови бои. Ентериерот е уште подигитален од досега, со нов инфозабавен систем и целосно-дигитални инструменти.

Инаку, Carrera S стандардно ќе доаѓа со спортски издувен систем, а ги добива и сопирачките од 911 GTS. Сопирачките се со дијаметар од 408 милиметри на предните тркала, односно 380 милиметри на задните тркала.

Стандардно доаѓаат и еден куп од системите на Porsche, но за оние кои сакаат поекстремно искуство, тука се аерокитот, поагресивните PCCB карбон-керамички сопирачки, и многу, многу, бескрајно многу повеќе.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.