Јапонскиот производител на гуми се збогува со Кен Блок со кого соработуваше од 2016.
„Toyo Tire Group е горда што можеше да соработува со Кен Блок и има огромна почит за пионерот и неговите успеси во автомобилскиот и спортскиот свет. Секогаш бевме возбудени од неговите авантури и страстното гонење на возбудливите моменти и возачките перформанси кои се за паметење. Неговото наследство и неговото сеќавање ќе живеат низ неговиот каталог, но и во срцата на милионите фанови кои ги имаше и ги има. Секогаш ќе го цениме нашето пријателство со него и засекогаш ќе се сеќаваме на него.“ – изјави Takashi Shimizu, претседателот и главен извршен директор на Toyo Tire Corporation.
Кен Блок започна да работи со Toyo во 2016 како бренд амбасадор за Proxes пневматиците со ултра-високи перформанси, а понатаму и со неговите Gymkhana и Climbkhana видеа.