full screen background image
Search

Stellantis и Србија потпишаа договор вреден 190 милиони Евра – во Крагујевац ќе се произведуваат електрични автомобили!

Автомобилскиот гигант Stellantis потпиша нов договор со Србија кој вреди 190 милиони Евра – а тоа ќе резултира со надградба на фабриката во Крагујевац каде ќе се произведуваат електрични автомобили.

„Нова ера започнува денес“ – изјави српскиот претседател Вучиќ при потпишувањето на договорот. Тој додаде дека производството на електрични возила ќе започне на почетокот на 2024. Дополнително, нагласи дека Србија (каде досега не се произведувале електрични автомобили) ќе мора да ја разгледа опцијата да изгради и отвори станици за полнење на електрични возила за да привлече повеќе локални купувачи. Секако, најави дека ќе мора да биде применета целосно нова стратегија.

„Мораме да обезбедиме поевтина електрична енергија, а за да го постигнеме тоа, мораме да имаме електрична енергија од обновливи извори“ – изјави Вучиќ.

Србија ќе учествува во инвестицијата со 48 милиони Евра, а во надградената фабрика во Крагујевац ќе се произведуваат електрични автомобили. Од Stellantis не дадоа дополнителни информации кои автомобили би се произведувале, но извршниот директор на Stellantis – Таварес – изјави дека платформата одлично би се поклопила со автомобили од помалите сегменти. Понатаму најверојатно би се започнало со производство и на втор автомобил.

Оваа трансформација ќе му помогне на Stellantis да ја достигне својата цел да продава само електрични автомобили (барем кога станува збор за патнички автомобили) во Европа до 2030, а целата понуда на Fiat треба да стане целосно-електрична меѓу 2025 и 2030.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.