full screen background image
Search

BMW ги претстави Individual боите за новите М3 и М4

Германскиот производител ја претстави палетата на специјални бои кои можат да се нарачаат како дел од програмата Individual кај новата генерација на спортските модели M3 и M4.

Фотографите објавени од BMW ги прикажуваат највпечатлвите бои понудени кај купе и седан моделите. Тука се вклучени Fire Портокалова, Frozen Црна, Urban Зелена, Chalk, Corsa Црвена, Macao Сина Металик, Speed Жолта, Signal Зелена, Santorini Сина, Ruby Црвена Металик, Brass Металик, Miami Сина, Mint Зелена и мистичната Twilight Виолетова Металик.

Покрај тоа, BMW Individual го нуди High Gloss Shadow Line пакетот кој доаѓа со темни површини на страничните ретровизори, задниот спојлер, издувните цевки и рамките на прозорците. Во понуда се и Shadow Line предни светлосни групи, кои се одликуваат со темни внатрешни елементи.

Специјалните опции продолжуваат и во внатрешноста, па истата може да се добие во Ivory бела, Fjord Сино/Црна, Fiona Црвено/Црна, Merino Tartufo и Kyalami Портокалово/Црна комбинација.

Секој кој сака да ја истражи целосната гама на BMW Individual комбинации, тоа може да го направи на официјалниот конфигуратор. Тој вклучува десетци различни опции на бои и повеќе конфигураци на ентериерот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.