full screen background image
Search

Новите Jeep Compass и Renegade се достапни по специјални цени

Новиот Jeep Compass е веќе достапен – и тоа за 20.990 Евра!

Авантурата е твојот животен стил е слоганот на новата кампања на Jeep во Македонија, преку која пред домашната јавност е промовиран новиот JEEP® COMPASS.

Новиот Jeep® Compass е на располагање со три нови конфигурации на мотори, бензински и дизел, и двата со преден погон до 150 КС, нов автоматски менувач со двојна спојка, нова понуда на бои на каросесијата со црн кров и многу различни конфигурации на тркалата и тоа од 16” до 19”.

Новиот JEEP® COMPASS е достапен со атрактивна почетна цена од 20.990 Евра, а сега е уште подостапен благодарение на можноста за поволно финансирање, на кредит со 0% учество и 5% фиксна каматна стапка или лизинг со бескаматно одложено плаќање на првата рата до 6 месеци.

Покрај новиот JEEP® COMPASS во рамки на кампањата, клиентите може да одберат и JEEP® RENEGADE по специјална цена за 15.900 евра.

Од Jeep кажуваат дека вистинска авантура не е само возење по карпи и кал – авантурата е многу повеќе од тоа. Ние неодамна го возевме Jeep Compass во неговата нова, хај-тек плаг-ин хибридна изведба, и нашите впечатоци можете да ги прочитате тука.

Сите детали за актуелната понуда може да се најдат на следниот линк: https://www.jeep.mk/nov-jeep-compass/

Извор: PR Jeep



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.