full screen background image
Search

ВИДЕО: Дали сте размислувале за заштитни навлаки за вашите седишта?

Со желба да го одговориме прашањето за навлаките за седишта, ги посетивме нашите пријатели од САМАД и самите видовме како ги изработуваат.

Процесот е прилично едноставен – сè што треба да се направи е да се одбере материјал од кој ќе бидат изработени навлаките, а понатаму работата „во свои раце“ ја преземаат искусните мајстори кои веќе со години се дел од тимот на Самад. Достапни се „еден куп“ различни материјали и дезени од кои можете да одберете.

Во зависност од возилото за кое се прават навлаките, се земаат прецизни мерки, или пак се користи постоечка мостра за седиштата. Парчињата внимателно се исцртуваат и се сечат, а потоа рачно ги шие мајстор низ чии раце поминале стотици, ако не и илјадници навлаки.

Готовите навлаки внимателно се прицврстуваат за седиштата, за да не се приметуваат несакани рабови. Секако, токму тука искуството и знаењето игра огромна улога. Некои делови кои можат да се извадат од автомобилот се вадат и навлаките се местат внатре во работилницата. Доколку е потребно, се прават корекции за навлаката „да легне“ најдобро што може.

Секако, безбедноста на патниците не смее да биде никако загрозена, па се ставаат специјални додатоци кои ќе овозможат непречено отворање на воздушните перничиња во несакани ситуации.

Се изработуваат навлаки и за потпирачите за главите на патниците, како и за централните потпирачи на предните седишта и на задната клупа – сè мора да биде обвиено. Конечно, за неколку часа, клиентот го добива своето возило кое сега има одлични заштитни навлаки на седиштата.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Самад, или пак побарајте ги на 075 391 391.

Видео

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.