full screen background image
Search

Дали „протекоа“ спецификациите на новите Volkswagen Golf GTI, GTD, GTE, GTI TCR и R?

Задниот дел на новиот Volkswagen Golf GTI веќе се појави на социјалните медиуми, а по сè изгледа несакајќи „протекоа“ и спецификациите на моќните изведби на новиот хечбек од Волфсбург.

Според протечените спецификации, новиот Volkswagen Golf GTI ќе има 245 коњски сили. Над него ќе биде Golf GTI TCR кој ќе има рамно 300 коњски сили, а на самиот врв ќе биде моќниот Golf R кој ќе има 333 коњски сили, како и погон на сите четири тркала. Сите три верзии ќе користат 2-литарски турбо-бензинец.

Втората генерација на плаг-ин хибридниот Golf GTE ќе има вкупно 245 коњски сили кои ќе ги добива благодарение на комбинација на TSI турбо-бензинец, електромотор и соодветна батерија. Оние кои сакаат хот хеч со турбодизел ќе можат да го нарачаат Golf GTD кој ќе добие 2-литарски турбодизел со рамно 200 коњски сили.

Новиот Golf GTI се очекува да биде претставен во Женева, а покрај него ќе најверојатно ќе бидат претставени и GTI TCR и GTD изведбите. Не би биле изненадени доколку го видиме и моќниот Golf R набргу по тоа, а во текот на оваа година официјално ќе го видиме и Golf GTE.

Инаку, новиот Golf GTI неодамна беше „уловен“ и објавен на социјалните медиуми – фотографот Wilco Blok објави фотографија од задниот дел на Golf GTI!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.