full screen background image
Search

Уловена целосно откриена третата генерација KIA Cee’d

Најновата генерација на Kia Cee’d е уловена во возење – и тоа целосно откриена – на улиците во Русија.

Според фотографиите, претстојната трета генерација на Kia Cee’d ќе биде видливо поширока, со поагресивен дизајн и поизразени карактерни линии. Исто така се забележуваат и целосни LED светлосни групи кои наликуваат на останатите понови модели од гамата на производителот.

Се очекува новиот Cee’d да биде понуден со три и четири-цилиндарски турбо-полнети мотори. Палетата ќе започне со 1.0-литарски мотор со 120 кс, а потоа ќе следат 1.4-литарски со 140 кс и 1.6-литарски мотор со 136 кс. Покрај шест-степениот мануелен менувач, истите погонски единици ќе бидат достапни и со седум-степенна DCT трансмисија.

Новиот модел нема да добие три-вратна изведба. Наместо неа, тука ќе биде Shooting Brake верзија. Во план е и варијанта со изглед на кросовер, но не е јасно дали ќе добие погон на сите тркала.

Уште една мистерија е колку моќен KIA ќе го направи новиот Cee’d – односно дали 2.0-литарскиот турбо-бензинец со 270 кс од Hyundai i30 N ќе го најде своето место и тука или сепак, KIA нема такви планови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.