full screen background image
Search

Новиот Mercedes-Benz A-Class уловен без речиси никаква камуфлажа

На 6 месеци пред нејзиното официјално претставување, магазинот AutoEvolution улови фотографии од претстојната генерација на компактната A-Class во хечбек и седан изведба.

Со исклучок на портокаловите решетки и рамки на стаклата од вратите кои нема да бидат обоени во боја на каросеријата, токму вака ќе изгледаат примероците кои ќе бидат изложени на автомобилскиот саем во Женева во 2018. Судејќи по портокаловата боја во која се обоени и двете изведби, најверојатно е дека двата прототипи се уловени веднаш пред инженерите на Mercedes-Benz да ги внесат на тест за судир во нивната фабрика за тестирање во Штутгарт.

Иако не се гледа на фотографиите, се очекува седан изведбата да има сличен преден дел како хечбекот, инспириран од Concept A Sedan. Исто така, се чини дека следната генерација на Mercedes-Benz CLS ќе има слични предни светла и решетка како најмалиот модел.

Сепак, не знаеме како ќе изгледа ентериерот, бидејќи кабината на фотографираните прототипи била исполнета со најразлични копчиња и прекинувачи од останатите модели на Mercedes-Benz. Она што е познато е дека подобро опремените верзии од компактот ќе имаат два големи екрани пред воланот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.