full screen background image
Search

Женева 2017: Brabus 550 Adventure е уште поекстремен Mercedes G500 4×4²

Откако Mercedes-Benz го претстави G500 4×4², се чинеше дека тоа е најтврдокорното издание на теренецот  – но Brabus се издигнува едно скалило погоре со новиот 550 Adventure.

Споменатиот теренец е изложен на Женевскиот саем, и претставува уште поекстремно издание од веќе хардкор верзијата на G-класата, која Brabus ја изложи во Франкфурт пред половина година.

Главната разлика со Brabus 550 Adventure 4×4² е доработениот агрегат, кој наместо 416 кс и 610 Nm, 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат сега испорачува 542 кс и 800 Nm вртежен момент.

Ова му обезбедува на „големиот ѕвер“ забрзување од место до 100 км/ч за само 6.7 секунди и да постигне максимална брзина од 210 км/ч, што е огромно достигнување кога ќе се земе во предвид неговата тежина од дури три тони.

Како што може да се види, Brabus го опреми екстериерот со се што може да биде додадено на еден екстремен теренец. Моделот добива заштитен под, сајла за влечење, отвор за вентилација на поклопецот од моторот, дополнителни светла на покривот, електронски прилагодлива суспензија и така натаму.

Ова е само едно од возилата кои Brabus ги подготви за саемот. Палетата исто така содржи специјални изведби од Smart Fortwo, Mercedes V-Class и (изненадувачки) Maserati Levante.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.