full screen background image
Search

Наменета за тркачките патеки – Opel Astra TCR со 330 коњски сили!

Opel официјално ја претстави тркачката верзија на новата Astra – наменета за Touring Car Racing – која има на располагање 330 коњски сили!

Под поклопецот се крие специјално-развиен 2-литарски турбо-бензинец кој нуди 330 коњски сили и 420 Nm вртежен момент – и сето тоа достапно во автомобил кој тежи само 1200 килограми. Покрај ниската тежина и моќниот мотор, Astra TCR има и агресивен аеродинамичен бодикит кој е оптимизиран за тркачките патеки, а за сопирање се задолжени 378-милиметарски дискови напред и 265 милиметарски дискови позади.

Силата се пренесува кон предните тркала преку шест-степен менувач со лопатки за менување поставени на управувачот. Автомобилот го има сите најнови тркачки технологии, но нема системи за асистенција – како што се ABS и EBD. Има резервоар за гориво со капацитет од 100 литри и автомобилот е целосно подготвен за трки – и ќе чини 95.000 евра (плус данок).



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.