full screen background image
Search

Новата Серија 7 на BMW уловена месеци пред нејзиното претставување!

Новата Серија 7 на BMW пред неколку дена беше уловена целосно открина неколку месеци пред баварскиот производител воопшто да ја претстави!

Новиот знаменосец на BMW ќе ја носи ознаката G11 и ќе се бори со S-Class на Mercedes-Benz и новата А8 на Audi. Од она што можеме да го видиме, дизајнот е еволутивен и влече инспирација од неколкуте различни концепти кои Баварскиот производител ги има претставено изминативе неколку години, особено BMW Vision Future Luxury Concept моделот кој беше претставен на почетокот на минатата година.

Наскоро ќе знаеме повеќе, но според она што се најавува, новиот врвен модел на BMW ќе биде поставен на нова архитектура, ќе биде околу 200 килограми полесен и ќе може да се нарача со многу различни бензински и дизел мотори, а се очекува и Plug-In хибрид.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.