full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новиот Mustang SVT уловен на Nurburgring!

Ford покажува дека е навистина сериозен со новиот Mustang – екстремната варијанта која сè уште не е ни најавена беше уловена на Nurburgring во Германија!

Бидејќи за прв пат имаме можност да го видиме GT500 прототипот со помалку камуфлажа, можеме да видиме дека се работи за екстремен модел со агресивен бодикит, проширени крила и спојлери кои ја подобруваат аеродинамиката. Сега за сега не знаеме ништо за моторот, но можеме да претпоставуваме дека ќе нуди приближно како, или повеќе од сегашниот GT500 кој благодарение на компресорскиот 5.8-литарски V8 има на располагање 662 коњски сили и 855 Nm вртежен момент.

Наскоро ќе знаеме повеќе, во меѓувреме погледнете го видеото и уживајте во звукот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.