full screen background image
Search

Панорама: Себастијан Лоеб – Најуспешната кариера во историјата на WRC

15 години по неговиот прв WRC настап, Себастијан Лоеб учествуваше во WRC за последен пат. Рели Франција го заокружи крајот на кариерата која го сруши секој рекорд во книгата – 78 рели победи, 116 подиуми, 900 етапни победи и 9 титули од светскиот рели шампионат. Од 2004 Лоеб доминираше во овој спорт. Тој е едноставно најдобриот од сите што учествувале!

6420655881_15e83c3839_b

Себастијан Лоеб е роден во градот Хагано во 1974, но дури на возраст од 21 година го насочил своето внимание кон моторспортот со учество на настани од Citroen Saxo шампионатот во 1998. Само една година подоцна тој ја освои титулата, пред да потпише договор со Citroen да вози во Junior Светскиот Рели шампионат во 2001, освојувајќи ја титулата со пет победи на шест настапи.

Францускиот производител го препозна талентот на единствениот Лоеб и во 2002 го смести во нивниот нов Xsara WRC автомобил со кој ја освои неговата прва победа само неколку месеци подоцна во Германија, Рели кое Лоеб ќе го доминира 7 пати по ред.

sebastien_loeb_rally_suecia_2006__

По првата победа, следната цел која требаше да ја достигне беше титулата од светскиот рели шампионат. Тој дојде премногу блиску до неа во 2003, губејќи ја од рака за само еден поен од страна на Петер Солберг на одлучувачкото рели во Велс. Но во 2004 тој го запиша неговото име во книгата на светски рели шампиони и така започна неговото нижење на Шампионски победи.

Уште една титула дојде во 2005, а таква беше и неговата рана доминација во 2006 во која успеа да ја приграби титулата и покрај тоа што ги пропушти последните 4 рунди од сезоната поради неговото боледување од скршеница на раката. Тој го победи Маркус Гронхолм само за еден поен.

loeb-daytwo-rnz10-gr

Следната негова победа во 2007 го изедначи рекордот на Томи Макинен со четири последователни титули. Сега со новиот C4, WRC еволуираше во посвежа ера и со повлекувањето на Гронхолм во 2007, 2008 се покажа како релативно лесна година за продолжувањето на победничкиот WRC поход.

Една година подоцна беше враќањето на Фордовата нова ѕвезда Мико Хирвонен да ја земе титулата и тој пружи огромен напор за тоа, но откако претрпи проблеми на финалната рунда од Велс, ја загуби битката за титулата од Лоеб за само еден поен.

2010 беше најдоминантната сезона во кариерата на Лоеб. Неверојатно, тој ја заврши со 105 поени предност на врвот на табелата со осум победи и 13 подиуми.

sebastien-loeb-rally-grecia-2011-1

Уште една титула позади воланот на новиот DS3 WRC во 2011 ја заокружи бројката осум, а во 2012 ја присвои неговата деветта титула пред илјадници фанови во неговиот роден град Хагано. Истиот тој викенд, Лоеб изјави дека ќе се повлекува од светскиот рели шампионат , но се согласи да направи четири гостински појавувања во 2013.

Рели Франција беше четвртото и последно негово појавување, на кое ја освои неговата јубилејна 900-та етапна победа, како и рели кое ја спушта завесата на најуспешната кариера во историјата на светскиот рели шампионат.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.