СОВЕТ: Ајде да не ги блокираме велосипедските патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

СОВЕТ: Ајде да не ги блокираме велосипедските патеки!

Бидејќи сакаме да придонесеме кон безбедноста на сите учесници во сообраќајот, решивме да апелираме до возачите на автомобили – ајде да не ги блокираме велосипедските патеки!

Со зголемената популарност на велосипедите и велосипедизмот, сосем очекувано е зголемувањето на велосипедите во сообраќајот. Чекор кој апсолутно го поддржуваме и поздравуваме е изградбата на велосипедски патеки наменети токму за велосипедите и велосипедистите.

Сепак, еден од проблемите со кои велосипедистите се соочуваат се несовесните возачи кои или од негрижа или од незнаење ги паркираат своите возила токму на овие патеки. Кога има возила на патеките, велосипедистите се приморани да возат по коловозните ленти каде има автомобили, а така е загрозена нивната безбедност.

Токму затоа, апелираме до возачите на автомобили – ајде да не ги блокираме велосипедските патеки. Велосипедистите ќе можат комфорно да возат по велосипедските патеки, а сообраќајот ќе биде побезбеден и попроточен за сите.

Значи, да запомниме – велосипедските патеки не се паркинг-места!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.