Ford продолжува со намалување на трошоците, ќе се концентрира само на пет платформи – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford продолжува со намалување на трошоците, ќе се концентрира само на пет платформи

Ford планира да заштеди дури 25.5 милијарди долари во следните пет години, а еден од чекорите е намалување на непотребните платформи – американскиот производител планира глобалната бројка на платформи да ја намали на само пет.

Во презентација за време на J.P. Morgan Автомобилската Конференција за оваа година, одговорниот за развој на нови продукти и набавка на компоненти – Hau Thai-Tang – изјави дека мерките за намалување на трошоците ќе ја продолжат One Ford стратегијата на Alan Mulally. Стратегијата на Mulally успеа да ја спаси компанијата од банкротирање, па сосем е логично дека Ford и понатаму ќе продолжи по „истиот терк.“

Според Thai-Tang, движењето кон само пет глобални платформи ќе ја подобри ефикасноста на целата компанија – и откри дека дури 70% од вредноста на едно возило може да се управува преку модуларниот пристап.

Петте платформи кои ќе ги користи Ford ќе бидат следните – body-on-frame платформа со погон на задните или сите четири тркала, unibody платформа со погон на предните или сите четири тркала, unibody платформа за комерцијалин возила, unibody платформа за погон на задните или сите четири тркала, како и unibody платформа за електричните возила на брендот.

Придобивките од ваквиот пристап се повеќекратни – компанијата ќе заштеди околу 7 милијарди долари, а времето потребно за пренесување нови продукти (односно, нови автомобили) од скици до автомобилските салони ќе се скрати за дури 20 проценти.

Наши тестови:



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.