full screen background image
Search

По 13 години производство, третата генерација Fiat Punto заминува во пензија – не се знае дали ќе има наследник.

Првото Fiat Punto се појави на пазарот пред точно 25 години, а последната, трета генерација беше во производство цели 13 години!

Сега за сега не е познато дали Fiat ќе понуди наследник на Punto – не сме виделе никакви концепти за ваков автомобил, а зголемената популарност на SUV и Кросовер моделите сугерира дека ново Punto нема да видиме набргу.

Сепак, ова е важен сегмент за Fiat – со години Punto беше еден од најпродаваните модели во сегментот, и иако сега-покојниот Sergio Marchionne не објави никакви планови за наследник на Punto во својот план објавен на почетокот на Јуни, не би биле изненадени доколку во следните година-две видиме нова, четврта генерација.

Првата генерација на Punto пристигна во 1993-тата година, втората во 1999-тата година а третата во 2005-та година. Првата генерација се продаде во 3.42 милиони примероци, втората во 2.96 милиони примероци а треата во 2.67 милиони примероци. Токму затоа веруваме дека иако сега за сега нема ништо официјално, еден ден Punto ќе се врати на пазарот.

Arrivederci, Punto!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.