full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Grand California има сè што би можеле да посакате!

Новиот камперско возило на Volkswagen е долго 6 метри – и во него има сè што би можеле да побарате за комфорно кампување.

За да го Grand California едно од најдобрите возила наменети за кампување во светот, луѓето од Volkswagen Комерцијални Возила во него вградиле… Скоро сè! Ќе добиете неколку комфорни кревети, тоалет со туш-кабина, како и кујна со 70-литарски фрижидер и плински шпорет. Купувачите е добијат и лизгачка задна врата со електрична „скаличка“ за полесно влегување и излегување, мултимедијален уред со Bluetooth поврзување кој овозможува музиката да се контролира преку трет паметен уред или нешто слично, панорамски стакла на кровот, соларни панели..

Новиот Volkswagen Grand California ќе дебитира на овогодинешниот Caravan Salon во Дизелдорф, каде ќе бидат објавени сите детали. Сега за сега – можеме да видиме само фотографии и да си замислуваме како би било да патуваме со едно вакво камперско возило…

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.