full screen background image
Search

Регулаторна: 95-ката поскапува половина денар, другите горива со непроменети цени

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека само цената на 95-октанскиот бензин ќе се зголеми за половина денар.

Во согласност то медологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.01%.

Преведено во цени, незначителната промена значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 71.50 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата остануваат непроменети, па овие горива ќе продолжат да чинат 73.00, односно 62.50 денари.

Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.