Audi го најавува новиот PB 18 E-Tron за Pebble Beach – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го најавува новиот PB 18 E-Tron за Pebble Beach

Новиот концепт на Audi ќе биде претставен на 23ти Август на Laguna Seca, а веќе се појавија шпекулации дека токму со овој автомобил Audi ќе го најави наследникот на R8.

Од Audi не кажуваат многу – кажуваат само дека за време на 2018 Pebble Beach Car Week во Калифорнија ќе претстават концепт за супер-автомобил со електричен погон. Дури и името на автомобилот не открива премногу – знаеме дека PB значи Pebble Beach, а 18 е годината на претставување на концептот. E-Tron – секако – кажува дека се работи за електричен автомобил.

Концептот ќе биде претставен на 23-ти Август оваа година на легендарната тркачка патека Laguna Seca, а веќе следниот ден ќе биде изложен на The Quail и потоа ќе земе учество и на Concours d’Elegance на Pebble Beach.

Интересно е што веќе се појавуваат некои гласини дека со овој концепт, Audi всушност на некој начин ќе го најави наследникот на R8. Иако R8 се произведуваше и во електрична верзија, сепак тоа беше во ограничени количини – па има големи шанси наследникот на R8 всушност да се нуди исклучиво како електрично возило. Иако тоа ни делува малку нереално, сепак останува да видиме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.