full screen background image
Search

Премиера на Skoda Karoq Sportline со 190-коњски турбо-бензинец!

Новиот Karoq Sportline го истакнува спортскиот дух на чешкиот SUV – но добива и нов 2-литарски турбо-бензинец со 190 коњски сили!

Само неколку денови по премиерата на Karoq Scout, Skoda ја претстави поатлетската верзија на компактниот кросовер. Она што е интересно е дека Karoq Sportline не „само за покажување“, туку има интересен новитет во форма на нов, 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 190 коњски сили.

Сепак, Karoq Sportline ќе може да се добие и со други мотори – од познатиот 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили, па до 2-литарскиот TDI турбодизел со 150 или 190 коњски сили. Во зависност од одбраниот мотор ќе можете да добиете погон на предните или на сите четири тркала, и мануелен менувач или DSG автоматски менувач со двојна спојка.

Karoq Sportline добива и неколку визуелни измени – редизајнирани поспортски браници, и 18 или 19-инчни тркала (како на фотографиите). Ќе добиете и црни кровни носачи, затемнети задни прозорци, детали во црна боја и Sportline значки. Ентериерот добива спортски седишта во црна боја со сребрени опшивки кои се обвиени во Thermoflux ткаенина, и кои би требало да се особено комфорни за време на топлите летни денови. Дополнително ќе добиете и алуминиумски педали, спортски управувач обвиен во перфорирана кожа и уште неколку други детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.