Иако не можеме да видиме многу на најавата, сепак се препознава храбра нова дизајнерска насока која ќе го води Opel кон иднината.
Концептот ја најавува дизајнерската насока за Opel и Vauxhall, а Mark Adams кажува дека идните возила на брендот треба да се истакнуваат и да бидат различни од другите – „Дизајнот ќе биде во срцето на сè што ќе правиме во иднина. Дизајнот ќе ни овозможи навистина да го издвоиме брендот Vauxhall и да го направиме поостар и порелевантен во контекст на нашите вредности. Ние сме британски бренд и инспирацијата е секаде околу нас.“ На објавената фотографија, претседателот на Opel и Vauxhall – Michael Lohnscheller – гордо ни прикажува неколку детали.
Иако концептот ја носи значката Vauxhall, сепак Opel и Vauxhall се нераздвојни брендови, и она што се однесува за едниот бренд, веднаш се однесува и за другиот. Концептот – барем она што можеме да го видиме – изгледа интересно, и веќе е најавено дека елементи од овој концепт ќе започнат да се појавуваат на сериските модели веќе од 2020-тата година.