Макпетрол ја претстави Верна GO мобилната апликација. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Макпетрол ја претстави Верна GO мобилната апликација.

Со новата мобилна апликација која го носи името Верна Go, Макпетрол им нуди на корисниците многу корисни информации за сите свои бензински пумпи ширум Македонија.

Апликацијата е намента како за клиентите на Макпетрол, така и за сите оние кои имаат потреба од информации околу горивата во Македонија. Достапна е како за Apple уредите, така и за Android уредите. Верна GO ќе ви овозможи да ја најдете најблиската бензинска пумпа до вас која ги исполнува вашите барања, но истовремено ќе ги најдете сите потребни информации околу цените на горивата и нивната достапност.

Благодарение на GPS функционалноста на мобилните уреди, апликацијата ќе може лесно да „Ве најде“ и преку соодветен систем за навигација да ве однесе до најблиската бензинска пумпа. Интересно е што за секоја бензинска станица на Макпетрол во Македонија се внесени сите детали – па можете да видите каква услуга нуди секоја бензинска станица, или пак да побарате станица која нуди специфична услуга – на пример продажба на Метан, или пак авто-перална. Дополнително, апликацијата редовно ќе се синхронизира со системите на Макпетрол и ќе ги има сите најсвежи информации. Секако, апликацијата може да функционира и off-line.

Од Макпетрол најавуваат дека ова е само почеток, и дека веќе има планови за понатамошен развој на Verna GO апликацијата која ќе им обезбеди уште повеќе придобивки на лојалните клиенти на компанијата.

Апликацијата Верна GO е достапна на Google Play, како и на Apple AppStore.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.