full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda Karoq Scout – Најробустната верзија на Karoq сериски ќе доаѓа со погон на сите четири тркала.

Scout линијата на Škoda постои веќе 10 години, а најновиот модел кој ќе ја носи оваа ознака е Karoq Scout.

Покрај Octavia Scout и Kodiaq Scout, сега купувачите ќе можат да нарачаат и Karoq Scout. Karoq Scout ќе го препознаете по заштитните панели поставени околу целиот автомобил, а дел од стандардната опрема ќе биде погонот на сите четири тркала.

Karoq Scout ќе може да се нарача со 1.5-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили, или пак 2-литарски TDI турбодизел кој испорачува 150 или 190 коњски сили. Бензинецот ќе може да се добие само со 6-брзински мануелен менувач, 150-коњскиот турбодизел со мануелен или DSG менувач, а најмоќниот турбодизел исклучиво со DSG менувач.

Екстериерот добива и сребрени детали за да се истакне робустноста, а ќе може да се добијат 18 или 19-инчлни тркала, како и Scout ознаки. Сериски ќе добиете и педали од нерѓосувачки челик, LED амбиентално осветлување и дигитален панел со инструменти. Официјалната премиера е закажана за саемот на автомобили во Париз.

Прочитајте го нашиот тест на Skoda Karoq.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.