full screen background image
Search

Bugatti го најавува Divo – дали ќе биде верзија на Chiron или засебен модел?

Ексклузивниот модел ќе биде произведен во само 40 примероци и секој ќе чини по најмалку 5 милиони евра!

Името Divo доаѓа од францускиот тркач Alberto Divo, кој двапати победи на Targa Florio во 1920-тите години. Како што напоменавме, ќе бидат произведени само 40 примероци од Bugatti Divo и секој од нив ќе чини по најмалку 5 милиони евра.

Она што сега за сега не е целосно јасно е дали Divo ќе биде некаква варијанта на Chiron, или пак ќе биде засебен модел. Ние типуваме дека ќе биде изведба врз основа на Chiron, но со доволно измени за да заслужи засебно име. Според она што го кажуваат од Bugatti, Divo ќе нуди „идеалното од лесна конструкција и подобра аеродинамика за да има значително подобро управување.“

Според некои гласини кои се шират, Divo ќе биде полесен од Chiron и неговите перформанси ќе бидат повеќе во насока на подобро забрзување и подобро управување отколку максимална брзина. Веќе се шпекулира дека забрзувањето до 100 к илометри на час ќе трае помалку од 2.5 секунди (колку што му требаат на Chiron), но крајната брзина ќе биде намалена од 420 на „само“ 385 километри на час.

Премиерата е закажана за 24-ти Август.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.