full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Touareg пристигна во Македонија!

Новиот знаменосец на SUV гамата на Volkswagen – големиот Touareg – пристигна во салонот на Volkswagen во Скопје!

Новиот Touareg ја дели платформата со Audi Q7, Porsche Cayenne, Bentley Bentagya и Lamborghini Urus – а тоа го става во навистина ексклуизвно друштво. Најновата генерација на популарниот германски SUV со себе ги носи сите најнови и најмодерни технологии со кои располага Volkswagen групацијата.

Покрај тоа што ги нуди сите нови технологии, Touareg сега е и поголем – долг е цели 5008 милиметри, широк 2193 милиметри и висок 1717 милиметри. Во понудата во Македонија е новиот 3-литарски TDI и 48-волтна технологија кој испорачува 286 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час трае 6.1 секунда а максималната брзина е 235 километри на час.

Цената започнува од 65.281 евро, а новиот Touareg веќе можете да го видите во салонот на Porsche Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.