full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат за денар, дизелот за половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – вечерва бензините поскапуваат за еден денар, а дизелот за половина денар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.41%.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по еден денар, и еден литар од овие горива ќе чини 72.00, односно 74.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар и еден литар дизел гориво ќе чини 64 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.