full screen background image
Search

Бензинските верзии на MINI добиваат нов филтер за ситни честички!

Со цел да ги направи своите автомобили уште почисти и еколошки прифатливи, MINI во бензинските модели ќе започне да вградува нови филтри и нов автоматски менувач со двојна спојка.

Од почетокот на овој месец, сите варијанти на MINI (со 3 и 5 врати, MINI Convertible, MINI Clubman и MINI Countryman) опремени со бензински мотор добиваат филтер за ситни честички. Со инсталацијата на овие филтри, возилата ги исполнуваат Euro 6d-TEMP стандардите за емисија на штетни гасови. Според MINI, дизелските мотори ги исполнуваат овие услови уште од Март.

Дополнително, MINI ќе започне да нуди нов Steptronic автоматски менувач со двојна спојка како дополнителна опрема. Интересен новитет кај овој менувач е дека во соработка со уредот за навигација, менувачот ќе го адаптира менувањето на брзините кон рутата – сето тоа со цел да се постигне максимална ефикасност. Според MINI, најекономичната верзија – MINI ONE ќе троши само 5.7 литри бензин на 100 изминати километри!

Покрај тоа, сите модели на MINI ќе добијат и нов Mini Connectivity Пакет кој вклучува 8.8-инчен мултимедијален уред со Apple CarPlay, безжично полнење за мобилни уреди и навигација, а дел од овој пакет е и Harman Kardon систем со 12 звучници.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.