full screen background image
Search

BMW i3 и i8 Starlight Edition имаат златна боја – од вистинско 24-каратно злато!

Уникатните примероци на BMW i3 и i8 се навистина специјални – во соработка со Liebscher Blattgold GmbH, чешкиот претставник на BMW ги претстави Starlight Edition изведбите!

Во кратки црти – не само што имаат златни нијанси, туку уникатните BMW i3 и i8 се офарбани со 24-каратно злато. Во соработка со Liebscher Blattgold GmbH, дизајнерот Zoltán Matuška, уметничкиот сликар Miroslav Špičák и локалниот партнер Toplac, чешкото претставништво на BMW ги подготви специјални модели. Бојата всушност е во форма на илјадници златни „капки“ нанесени во четири слоеви, а кон задниот дел се прелева во црна боја за да наликува на ѕвездено небо.

Слична комбинација продолжува и во кабината – отворите за вентилација, централните панели, дел од управачите и тапацирите се обоени како и надворешноста. Механички измени нема – но не е дека на i8 му недостасуваат перформанси. Направен е само по еден примерок и ќе бидат продадени на аукција. Парите ќе бидат донирани во добротворни цели, односно ќе бидат дадени на VIZE 97 наградата која секоја година се доделува за значителни научни достигнувања до страна на Dagmar и Václav Havel Фондацијата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.