full screen background image
Search

Alfa Romeo Stelvio добива Q2 верзија со погон само на задните тркала.

Со верзијата со погон на задните тркала, првиот SUV на Alfa Romeo не само што ќе биде нијанса поевтин, туку ќе биде и 50-тина килограми полесен!

Сега за сега Stelvio се нуди само со погон на сите четири тркала. Сепак, според Car & Driver, Alfa Romeo ќе го понуди Stelvio и со погон на задните тркала. Оваа верзија ќе ја носи ознаката Q2, додека верзиите со погон на сите четири тркала ќе продолжат да ја носат ознаката Q4.

Дополнително, според Car & Driver, верзијата со погон на задни тркала би требало да е околу 50 килограми полесна, а и цената би се намалила за околу 2.000 долари (во САД). Колкава ќе биде ценовната разлика во Европа останува да видиме. Во понудата ќе влезе и Sport пакет кој ќе биде достапен како дополнителна опрема, кој вклучува алуминиумски педали, 19-инчни тркала, шепи за сопирачките во боја и уште неколку ситници.

Сепак, Quadrifoglio верзијата со повеќе од 500 коњски сили ќе остане со погон на сите четири тркала.

Прочитајте го нашиот тест на Alfa Romeo Stelvio.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.