full screen background image
Search

Рекордна продажба на блиндирани автомобили во Мексико

Поради зголемената стапка на криминал во Мексико, рекордно е зголемена продажбата на блиндирани возила – годинава се очекува да се продадат скоро 3300 вакви возила!

Со оглед на тоа дека минатата година во Мексико имало повеќе од 25.000 убиства, сосем е разбирлив трендот за пораст на продажба на блиндирани возила. Растечката продажба сугерира дека оваа година ќе бидат продадени скоро 3300 блиндирани возила – тоа е 10% повеќе од минатата. Сепак, ни Мексико не е рекордер – во Бразил минатата година се продадени дури 15.145 блиндирани автомобили.

Интересно е што поради зголемената побарувачка, производителите самите започнаа да произведуваат блиндирани автомобили во нивните погони во Мексико, наместо да ја даваат таа задача на надворешни компании, како што досега се правело.  На пример, Audi започна во Мексико да произведува блиндирана верзија на Q5 во средината на 2017, која се извезува и во Бразил и Аргентина. Покрај Audi, блиндирани возила во Мексико произведуваат и BMW, Jeep и Mercedes-Benz.

80% од купувачите на блиндирани возила работат во приватниот сектор. Во Мексико минатата година се продадени околу 1.5 милиони автомобили.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.