full screen background image
Search

4C Coupe оди во пензија, кабриолетот ќе продолжи да се произведува, Alfa Romeo најавува нови модели!

Претставник од FCA потврди дека на крајот на оваа моделска година, купе-изведбата на Alfa Romeo 4C ќе престане да се произведува.

Добрите вести се дека Alfa Romeo 4C Spider ќе продолжи да се произведува уште една година, но доколку сакате купе – лошите вести се дека на крајот на оваа моделска година, купе-изведбата на малиот спортски автомбоил на Alfa ќе оди во пензија.

Малиот и супер-лесен спортски автомобил на Alfa Romeo направи вистински бум, бидејќи одлично го испочитува рецептот за мал, лесен и моќен италијански автомобил. Со тоа, Alfa Romeo успеа да се врати „на мапата“ и да го привлече вниманието на автомобилските ентузијасти.

Сега за сега нема најава за потенцијален наследник на 4C, но Alfa Romeo веќе најави планови за неколку нови автомобили кои би требало да пристигнат на пазарот во следните неколку години. Според најавите, наскоро би требало да добиеме наследник на легендарниот GTV, два нови SUV модели, како и наследник на 8C. Новиот GTV најверојатно ќе ја дели платформата со Giulia и Stelvio, и се очекува да нуди околу 600 коњски сили. SUV-експанзијата ќе продолжи со еден SUV кој ќе биде помал од Stelvio, и еден SUV што ќе биде поголем од Stelvio.

Можеби најинтересен е наследникот на Alfa Romeo 8C Competizione. Обидот на Alfa Romeo да влезе во сегментот на супер-автомобили беше импресивен – и 8C останува еден од нашите омилени автомобили, дефинитивно е еден од најубавите автомобили во историјата – па со нетрпение го очекуваме наследникот.

Дополнување: Alfa Romeo 4C ќе престане да се произведува само за северно-американскиот пазар. Производството на 4C Coupe за купувачите во Европа ќе продолжи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.