Малата Mazda MX-5 ни е еден од омилените автомобили – а со освежувањето јапонскиот роудстер сега има уште повеќе моќност за уште повеќе забава!
Да започнеме со најважното – Mazda MX-5 во својата помоќна изведба сега ќе има 184 коњски сили и 205 Nm вртежен момент. Тоа е одлични 26 коњски сили и 4 Nm повеќе. Не знаеме што значи тоа за перформансите, но знаеме дека „лимитерот“ е подигнат од 6800 на 7500 вртежи во минута, а додаден е и нов издувен систем. Секако, во понудата останува и 1.5-литарскиот мотор кој испорачува 132 коњски сили и 152 Nm вртежен момент.
Дополнително, MX-5 добива и нова опција за боја на мекиот покрив, како и нов дизајн на тркалата. Понатаму, малку се редизајнирани вратите со цел да бидат полесни за отворање, редизајнирани се држачите за чаши како и рачките на седиштата – но сега MX-5 добива и управувач кој се нагодува по длабочина!
Дел од стандардната опрема ќе биде паркинг-камера, а меѓу другото купувачите ќе можат да добијат систем за препознавање на сообраќајни знаци, автономно сопирање во градски услови и уште неколку други системи за безбедност. Продажбата во Европа ќе започне веќе во Август.
Наши тестови на Mazda MX-5: