full screen background image
Search

ВИДЕО: Škoda Kodiaq RS постави рекорд за SUV со 7 седишта на Nurburgring!

По вчерашната најава, денес Škoda и официјално објави дека новиот Kodiaq RS постави рекорд на легендарниот Nurburgring – и тоа за SUV со 7 седишта!

На големиот SUV му беа потребни 9 минути, 29 секунди и 84 стотинки за да заврти круг околу „Зелениот Пекол“, а зад управувачот беше легендарната „Кралица на Nurburgring“ – Sabine Schmitz. Таа изјави дека е изненадена од динамичноста и управливоста на Kodiaq RS – „Автомобилот изгледа спортски и се управува спортски. Мислев дека седмосед нема да биде лесен за управување, особено на тешка патека како што е Nurburgring, но убаво се вози. Импресионирана сум, автомобилот е целосно стандарден и ништо не сменивме.“

Колку за потсетување, Sabine Schmitz го носи прекарот „Кралица на Nurburgring“ токму поради нејзиното искуство со легендарната патека. Таа има поминато преку 30.000 кругови на Nurburgring и беше логичен избор за овој потфат. Таа зад управувачот на Kodiaq RS го постави рекордното време. Kodiaq RS го носи 2-литарскиот BiTDI турбодизел кој испорачува 240 коњски сили и 500 Nm вртежен момент.

Во продолжение, погледнете го видеото од Kodiaq RS на Nurburgring и Sabine Schmitz како ужива во потфатот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.