full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Skoda го подготвува новиот Kodiaq RS на Nurburgring!

Зад управувачот е добро-познатата Sabine Schmitz, а Nurburgring е местото каде Skoda ги финализира тестирањата и подготовките на новиот спортски SUV – Kodiaq RS!

Како што и очекувавме, Skoda го подготвува и наскоро ќе го претстави Kodiaq RS. Во најновата серија фотографии и едното објавено видео, чешкиот бренд и го отстапи возилото на Sabine Schmitz, а на совозачкото седиште е Frantisek Drabek, човекот на чело на Kodiaq RS проектот.

Повеќе информации ќе имаме овој четврток, но според некои гласини Kodiaq RS ќе биде придвижуван од 2-литарскиот BiTDI турбодизел кој испорачува 240 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Преносот ќе биде преку автоматски менувач со двојна спојка, кон сите четири тркала.

Наскоро ќе имаме повеќе информации за Kodiaq RS, но во меѓувреме погледнете ги најновите фотографии и видеото со Sabine Schmitz.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.